Паника во Сплит откако маж со калашников се шета по улиците – властите со предупредување: „Останете дома“

Сплитската полиција добила пријава дека во Смоковик е виден маж како шета со калашников, објавуваат хрватските медиуми.

Веднаш по пријавата, полицијата излегла на терен.

„Пријавата е примена околу 11:30 часот. Се пребарува подрачјето на Смоковик и Драчевац, но досега не е пронајдено такво лице. Во меѓувреме добивме уште две пријави од лица кои индиректно биле запознаени со случајот. Прегледани се сите достапни снимки од видео надзорот“, изјави Тино Милат од полицијата.

Претседателот на градскиот округ Мејаши, Тони Пиплица упати предупредување до граѓаните.

„Драги соседи. Пред непочн лас беше забележано машко лице како шета низ Смоковик со калаников. Сирените од полицијата се огласија и според моите информации, полицијата и натаму трага по него. Ве повикувам сите да останете во домовите и да се тргнете од улиците“, рече тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ