Руски напади ги запреа возовите во Украина

Голем број возови во Украина се доцнат поради рускиот напад врз железничката инфраструктура и прекините во снабдувањето со електрична енергија, изјави Олександр Перчовски, претседател на Управниот одбор на АД „Укрзализњица“.

„Уште една ноќ, уште еден комплексен напад врз железницата“, напиша Перцовски на Фејсбук, додавајќи дека доцнењата ќе бидат особено изразени на линиите кон Днепар, објави Укринформ. 

За да се намали ефектот од доцнењето, резервните локомотиви беа ставени во состојба на готовност. 

Исто така, во неколку украински региони е прогласена воздушна тревога поради закана од напади со беспилотни летала. 

Во Черкаската област, руските сили извршија напад врз критични инфраструктурни објекти.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ