Авион се урна во Бразил, во него пронајдени 200 килограми кокаин спакуван во пакети со лого на „Space X“

Австралиски пилот загина откако неговиот авион, кој превезувал речиси 200 килограми кокаин спакуван во лажна амбалажа на SpaceX, се урна во поле со шеќерна трска во Бразил. Властите објавија дека пилотот бил пронајден мртов надвор од авионот по несреќата во Корурипе, област на тропскиот брег на Бразил, пишува Индепендент.

Локалните медиуми објавија дека во авионот биле пронајдени помеѓу 180 и 195 килограми кокаин. Повеќе од 187 пакети со дрога биле завиткани во амбалажа со логото на SpaceX, во сопственост на милијардерот Илон Маск.

Федералната полиција потврди дека се пронајдени докази што укажуваат на меѓународна трговија со дрога. Запленетиот кокаин бил транспортиран до Интегрираниот центар за јавна безбедност во Корурипе.

Иако полицијата не откри од каде полетал авионот или каде се упатил, авионот бил опремен со дополнителни резервоари за гориво, што сугерира дека бил наменет за лет на долги релации.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ