Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, го поканил на состанок во Белата куќа на 29 септември, три дена по планираното обраќање на израелскиот премиер пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Како што изјави тој на прес-конференцијата, повикот дошол за време на телефонски разговор во понеделник, објави „Тајмс оф Израел“.
Нетанјаху додаде дека во последните денови имал неколку разговори со Трамп, по израелскиот напад врз лидерите на Хамас во Катар, и сите разговори ги нарече „добри“.
