Полската воена полиција денес објави дека во источниот регион Лублин се пронајдени сомнителни фрагменти од ракета, за кои се верува дека биле употребени за соборување на беспилотно летало.
Откривањето на делови од ракетата се случи повеќе од една недела откако Полска, со поддршка на авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор, објави ПАП.
Воената полиција објави дека денес ќе биде спроведен детален форензички преглед на објектот.
