
Денес, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ќе го претстави најновиот пакет санкции против Русија, кој бара од земјите-членки да одобрат нови ограничувања насочени кон танкерите за нафта и финансиските институции, пишува Политико.
Веста ја потврди и главната портпаролка на Комисијата, Паула Пињо.
„Можеме да потврдиме дека Комисијата усвои нов пакет санкции против Русија“, рече Пињо.
Се очекува Фон дер Лајен и шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, да ги изложат деталите од предлогот подоцна во текот на денот.
Ова е 19-ти пакет санкции воведени врз Русија од нејзината инвазија на Украина. Се очекува пакетот да ги прошири ограничувањата врз кинеските компании, наводно поради притисок од американскиот претседател Доналд Трамп.