Трамп: Во Газа е хаос, се надевам на дипломатско решение

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека се надева оти ќе се постигне дипломатско решение за конфликтот во Газа, предупредувајќи дека во енклавата владее хаос.

„Ја проучуваме Газа и се занимаваме со Газа многу интензивно. Таму е хаос“, рече Трамп, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Во исто време, САД го сметаат признавањето на Палестина од страна на неколку нивни сојузници, како што се Велика Британија, Австралија и Канада, за „перформативно“.

„Нашиот фокус останува на сериозна дипломатија, а не на перформативни гестови. Нашите приоритети се јасни – ослободување на заложниците, безбедноста на Израел и мирот и просперитетот за целиот регион, што е можно само без Хамас“, изјави висок челник на американскиот Стејт департмент, пренесува „Тајмс оф Израел“

ОСТАНАТИ ВЕСТИ