
Најмалку три лица загинаа во руското бомбардирање на градот Запорожје на југот на Украина, соопштија денес регионалните власти.
Во бомбашкиот напад се повредени и две лица, од кои едно е во тешка состојба, напиша на Телеграм Иван Федоров, шеф на регионалната администрација на Запорожје.
Во руските напади синоќа, едно лице е рането во Киев и едно во Суми, според локалните власти.
Руските власти претходно објавија дека три лица се убиени, а 16 се ранети синоќа на Крим во напад на украински беспилотни летала.