
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес ги повика европските земји да „престанат да купуваат нафта од Русија“, барајќи дополнителен притисок врз претседателот Владимир Путин за да ја запре војната во Украина.
„Европејците купуваат нафта од Русија, тоа не треба да се случува, нели?“, рече Трамп на вечера во Мон Вернон во американската држава Вирџинија.
Според Блумберг, Трамп му предложил на американскиот амбасадор во НАТО, Метју Витекер, да го зголеми притисокот врз Европа.