
Кинеските власти објавија прекин на работата, училиштата и сообраќајот во Шенжен и десетина поголеми јужни градови поради приближувањето на тајфунот Рагасa.
Се очекува тајфунот да „предизвика сериозни последици, со ветер, дожд, бранови и поплави од вторник навечер“, напишаа градските власти на Шенжен во соопштение на социјалните мрежи.
„Освен спасувачите и оние кои обезбедуваат основни услуги, од населението се бара да не ги напушта своите домови освен ако не е неопходно“, се додава во соопштението.
Десетици милиони луѓе живеат во областа што ќе биде погодена од тајфунот.
Typhoon Ragasa: Residents Evacuated From Floods As Typhoon Ragasa Barrels Through Philippines#TyphoonRagasa #Philippines #DNAVideos
For more videos, click here https://t.co/6ddeGFqM3o pic.twitter.com/jkk48bp6DN
— DNA (@dna) September 23, 2025