Сомнителни дронови и над Шведска, полицијата веднаш почна истрага

Шведската полиција започна истрага откако жителите пријавија сомнителни дронови над архипелагот Карлскрона на југот од земјата, објавија локалните медиуми во петокот.

Карлскрона е дом на најголемата поморска база во Шведска и седиштето на крајбрежната стража. Полицијата беше испратена во областа Моклосундсброн во четврток вечерта откако неколку луѓе на островите Стурко и Шурко пријавија дека виделе сомнителни дронови , објави СВТ.

Полицијата на местото на настанот потврди дека видела еден од дроновите. Службеникот рече дека дронови се видени и на три други локации во земјата.

„Тоа е поголема варијанта, слична на онаа што беше над Данска и јужната покраина Сконе “, рече шефот на истрагата Матијас Лундгрен.

Властите поднесоа обвиненија за кршење и на Законот за воздухопловство и на Законот за заштита, објави СВТ. Сведоците ѝ рекле на полицијата дека виделе два дрона со црвени и зелени трепкачки светла. Не се пронајдени предмети и не се идентификувани осомничени лица.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ