Во Италија откриена најголема нелегална фабрика за цигари

Во Италија е откриена најголемата нелегална фабрика за цигари некогаш регистрирана во земјата, сместена во бункер под магацински простор, објавија официјални лица.

Фабриката ја откриле единици на финансиската полиција од Анкона и Фрозиноне, во истрага координирана од обвинителството во Касина, објави Анса.

Рацијата доведе до рекордна заплена на околу 300 тони цигари, неколку апсења и поднесување обвиненија за сериозен шверц. Истрагата откри даночна евазија во износ од приближно 600 милиони евра и нелегален приход проценет на околу 130 милиони евра.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ