Поради преголеми гужви, полицијата денеска го затвори Октоберфест

Поради пренатрупаност и прекумерна толпа, пристапот до Октоберфест беше затворен денес попладне, објави „Билд“.

Полицијата во Минхен објави на Твитер во 17:56 часот дека имало премногу гужва.

„Настанот Октоберфест сега е затворен поради голема посетеност. Ве молиме, не доаѓајте на Октоберфест“, се вели во соопштението.

Полицијата го издаде ова известување на англиски и италијански јазик до туристите.

Причината за затворањето е тоа што десетици илјади луѓе се собраа на најголемиот фестивал во светот, а топлиот и сончев ден придонесе за уште поголема толпа.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ