Жителите на населбата Забјело во Подгорица се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа момче од Подгорица претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани.
Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на М.Ј. од Подгорица со употреба на ладно оружје.
Како што објавија медиумите во Подгорица, група турски државјани синоќа нападнале група жители на Подгорица, а еден од младите мажи од Подгорица добил седум убодни рани со нож.
Во официјалното соопштение од црногорската полиција се наведува дека синоќа, половина час по полноќ, јавниот ред и мир бил нарушен од тепачка во која учествувале неколку лица, во која едно лице се здобило со телесни повреди во градите и рацете.
„Имајќи ги предвид настаните со елементи на насилство во последните 24 часа, во кои учествуваа турски државјани со привремен престој на територијата на Подгорица, како и предизвикувањето инциденти на повеќе локации, службениците на Регионалниот центар за безбедност „Центар“, Секторот за гранична полиција и Регионалниот центар на граничната полиција „Центар“ спроведуваат координирани активности на територијата на Подгорица, во рамките на кои се приведени околу 45 лица – турски државјани“, се наведува во соопштението за јавноста.
Се додава дека во понатамошната постапка, црногорската полиција ќе ги процени причините за нивниот престој, оправданоста и законитоста на нивниот престој, како и елементите на насилство што се случиле за време на нивниот престој, по што ќе следат репресивни мерки и евентуално прекинување на нивниот престој и протерување од Црна Гора.
Опсадна состојба во Подгорица откако било избодено младо момче, приведени 45 турски државјани
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft