Денес во Нови Сад се одржува комеморативен собир по повод едногодишнината од уривањето на настрешницата во која загинаа 16 лица.
Собирот започна во 11:52 часот пред Железничката станица. Студенти, средношколци и граѓани од цела Србија оваа недела пешачеа кон Нови Сад за да присуствуваат на собирот.
Настрешницата на железничката станица во Нови Сад се урна на 1 ноември 2024 година во 11:52 часот, при што загинаа 14 лица, меѓу кои четири деца – на возраст од шест, 10, 16 и 17 години – и беа тешко повредени уште три лица. Подоцна починаа уште две лица.
Граѓаните им оддадоа почит на жртвите од уривањето на настрешницата во Нови Сад
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft