Семејна трагедија го потресе Добој, каде што, според неофицијални информации, син го усмртил својот татко. Припадниците на Полициската управа Добој денеска уапсиле маж со иницијали Д.Ч. од подрачјето на градот поради сомнение дека извршил кривично дело убиство, објави Klix.ba.
Според соопштението на ПС Добој, постојат основи на сомнение дека осомничениот синоќа, во вечерните часови, во семејната куќа му нанел тешки телесни повреди на Б.Ч., кој од последиците на нападот починал на самото место.
Полициските службеници продолжуваат да преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расветлување на околностите на овој случај, а истрагата се спроведува под надзор на Окружното јавно обвинителство во Добој, стои во соопштението на полицијата.
Хорор во БиХ: Син си го убил татко му
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft