Здравствената состојба на повеќето повредени во пожарот што го зафати седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла во вторник вечерта се стабилизира и, според последните информации, 15 од нив се во болница, од кои четворица се на респиратори.
„Седум пациенти се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација, од кои четворица се на механичка вентилација. Моментално, пет пациенти, жители на Домот за стари лица, се хоспитализирани на Клиниката за белодробни заболувања. Сите пациенти имаат стабилни витални параметри“, соопшти Универзитетскиот медицински центар Тузла, пренесува сараевскиот портал „Кликс“.
Двајца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за внатрешни болести и нивната здравствена состојба во моментов е стабилна.
Четири повредени лица од пожарот во Тузла и натаму на респиратор, се подобрува ситуацијата со останатите 15 пациенти
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft