Три жени, на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористички заговор и планирање напади во Париз, објавија денес истражителите.
Како што е наведено, тие планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз неколку недели, објавува порталот RTL.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот (PNAT), која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft