Брисел бара воена помош поради беспилотните летала над белгиските аеродроми

Брисел побара воена помош од други земји поради појавата на беспилотни летала над белгиските аеродроми, воени бази и нуклеарна централа, објави Ројтерс.
Беспилотни летала летаа над аеродромот во Брисел неколку часа на 4 ноември. Брисел вели дека „не тврдат дека е Русија, но се чини дека е Русија“.
Белгија се обидува со сојузниците да ги пресретне беспилотните летала или да утврди од каде доаѓаат и каде летаат.
Русија отфрли каква било поврзаност со беспилотните летала, велејќи дека „нема ниту мотив ниту интерес за такви активности“.
Екипи за борба против беспилотни летала пристигнаа во Белгија од Германија, Франција и Велика Британија.
Во неколку случаи, беспилотните летала беа големи и летаа во уредни формации, што укажува дека со нив управувале високо обучени експерти, според белгиски извори.
Во петок, владата во Брисел одобри инвестиција од 50 милиони евра во системи за откривање и неутрализирање на беспилотни летала.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ