Во изминатите 24 часа, уште двајца пациенти кои се здобија со повреди во пожарот во Домот за стари лица во Тузла починаа во Универзитетскиот клинички центар Тузла (УКЦ).
Според соопштението од УКЦ Тузла, тие биле хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација по пожарот.
Двајца пациенти моментално се хоспитализирани во УКЦ и се наоѓаат на Клиниката за внатрешни болести.
Обвинителството на кантонот Тузла, исто така, објави дека денес ќе бидат издадени наредби и дека ќе се изврши обдукција врз телата на починатите корисници на Домот за стари лица во Тузла.
Досега во пожарот и како резултат на повредите здобиени во пожарот во Домот за стари лица во Тузла починаа 17 лица.
Уште две лица починаа по пожарот во Домот за стари лица во Тузла – вкупниот број на жртви се искачи на 17
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft