Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, заедно со претставници од Единицата за заштита на животната средина, присуствуваше на одбележувањето на 5-годишнината од „Generalka Weekend“, најголемата еколошка акција во Северна Македонија и на Западен Балкан.
Настанот го истакна значењето на континуираната грижа за природата и заедничката одговорност во заштитата на животната средина. Општина Струга ја потврди својата заложба за унапредување на еколошките активности и продолжување на долгорочната соработка со организаторите на оваа важна иницијатива.






