Европската Унија одлучи да ги укине сите казнени мерки кон Косово до крајот на јануари, овозможувајќи на земјата да добие 205 милиони евра уште на почетокот на 2026 година. Одлуката дојде по мирната транзиција на локалната власт во северниот дел со мнозинство Срби.
Казнените мерки, кои предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку објава на Фејсбук изрази искрена благодарност до лидерите на Европската Унија, како и до сите партнери на Косово, за признавањето на неуморната посветеност на Косово.
ЕУ ги укинува санкциите кон Косово, ќе се ослободат милиони евра помош
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft