Креаторот на видео игри Винс Зампела, чии студија се одговорни за некои од најпродаваните игри во светот, загина во недела попладне во сообраќајна несреќа на автопат во Јужна Калифорнија.
Зампела беше раководител на Respawn Entertainment и поранешен извршен директор на Infinity Ward, студиото кое стои зад успешната франшиза „Call of Duty“ .
Полицијата била известена за несреќата со едно возило во недела околу 12:45 часот. Ферарито на Зампела излетало од патот веднаш по излегувањето од тунелот, удрило во бетонска бариера, а неговиот сопатник бил исфрлен од возилото.
Зампела бил заробен во пожарот што следел по несреќата. Тој починал на местото на несреќата, а сопатникот кој бил со него во возилото, починал во болница.
Зампела (55) е ко-основач на Respawn Entertainment во 2010 година. Студиото, најпознато по игрите „Titanfall“, „Titanfall 2“, „Apex Legends“ и „STAR WARS Jedi: Fallen Order“, беше купено од EA, добро позната компанија за видео игри, во 2017 година.
Зампела исто така го водеше студиото на EA одговорно за познатата франшиза „Battlefield“ .
На социјалните мрежи се појави видео од несреќата на Зампела.
ВНИМАНИЕ, ВИДЕОТО Е ВОЗНЕМИРУВАЧКО:
Call Of Duty creator Vince Zampella loses control of speeding Ferrari, dies in horrific fire in Los Angeles
R.I.P pic.twitter.com/bYvhB1Psao
— Richard Kettleborough (@RichKettle07) December 23, 2025