Трамп: Среќен Божиќ на сите, вклучително и на радикално левичарските ѓубриња

Американскиот претседател Доналд Трамп им посака на сите Среќен Божиќ на својот профил на социјалните мрежи, „вклучувајќи ги и радикалните левичарски ѓубриња“, осврнувајќи се на своите демократски противници, кои редовно ги обвинува дека се причина за сето зло.
„Среќен Божиќ на сите, вклучувајќи го и радикалнoто лево ѓубре кое прави сè што може за да ја уништи нашата земја, но целосно не успева во тоа“, рече републиканскиот претседател на Truth Social, а потоа наведе што ги смета за успеси од неговиот мандат.
„Повторно сме почитувани, можеби како никогаш досега. Бог да ја благослови Америка!!!“
Економијата, социјалните тензии, па дури и меѓународните конфликти – Доналд Трамп редовно ја обвинува Демократската партија, а особено поранешниот претседател Џо Бајден, за тешкотиите со кои се соочуваат САД и светот, пишува АФП.
Во категоријата „радикална левица“ со својот суров стил, тој лесно ги вклучува сите демократи и политички противници, дури и оние кои се сметаат за умерени или центристи. Доналд Трамп ги поминува божиќните празници во Мар-а-Лаго, неговата резиденција во Флорида.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ