Поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро денес беше опериран во болница во главниот град Бразилија, соопшти неговото семејство. Болсонаро беше опериран поради хернија, а интервенцијата траеше три и пол часа и помина без компликации, објави АП.
Поранешниот претседател, кој беше хоспитализиран вчера, од ноември отслужува 27-годишна затворска казна за обид за државен удар по изборите што ги загуби, потсети агенцијата.
Болсонаро доби судско одобрение да го напушти затворот откако лекарите од федералната полиција потврдија дека му е потребна операција.
Судијата Александар де Мораес дозволи хоспитализација, но не и барањето на адвокатот Болсонаро да биде во домашен притвор по операцијата.
Тој нема контакт со други затвореници, а во неговата ќелија од 12 квадратни метри има кревет, бања, клима уред, маса и телевизор, тврдат бразилските власти.
Вчера, де Мораес, исто така, одобри Болсонаро да биде посетен од неговите синови и сопругата.
Опериран поранешниот бразилски претседател Болсонаро
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft