Полицијата во малата држава Лихтенштајн, истражува мистериозен случај откако вчера биле пронајдени безживотни тела на четири члена од исто семејство. Шокантниот инцидент што го потресе малото кнежество, започна со откривање на бреговите на Рајна, а потоа доведе до уште пострашно откритие во стан во Вадуц.
Се започнало во средата наутро, околу 10:30 часот кога тело на маж на 41 година било пронајдена на швајцарската страна од реката Рајна, недалеку од главниот град Вадуц. Според соопштението на швајцарската полиција, причината е нејасна.
Последователните проверки и истраги ги одведоа полицајците во стан во Вадуц, каде открија тела на уште три лица: 73-годишен маж и две жени на возраст од 68 и 45 години.
Според првичните резултати, полицијата верува дека тие се родители и сестра на 41-годишниот маж, чие тело било пронајдено прво. Портпаролот на полицијата кажа дека причините за смртта се уште се утврдуваат.
Полицијата истражува мистериозна смрт на четири членови на исто семејство од Лихтенштајн
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft