Кадиров итно хоспитализиран во Москва

Лидерот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, бил итно хоспитализиран во Москва ноќта меѓу 24 и 25 декември, објави порталот „Новаја Газета Европа“, повикувајќи се на извори.
Според изворот на „Газета“, Кадиров пристигнал во главниот град за да учествува на состанокот на Државниот совет со кој претседавал рускиот претседател Владимир Путин . Сепак, неговата здравствена состојба нагло се влошила и бил префрлен на интензивна нега во Централната клиничка болница на претседателската администрација на Руската Федерација.
Состанокот на Државниот совет се одржа без претставници од Чеченија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ