Ибро со својот трактор го исчистил снегот до и околу црквата да можат неговите соседи да присуствуваат на божиќната литургија (ФОТО)

Пример на почит и солидарност беше забележан вчера во Дубница кај Калесија во Босна и Херцеговина, каде жителот Ибро Јахиќ го исчисти патот и портата на црквата за верниците непречено да можат да присуствуваат на божиќната служба во храмот „Свети Јоаким и Ана“.
Како што е објавено на Фејсбук страницата на парохијата Осмачка и Дубничка, благодарение на овој гест беше овозможено одржување на божиќната литургија закажана за 8 часот.

Во објавата е посебно истакната благодарност кон комшијата Ибро, со порака Бог да му дарува здравје:
„Нашиот комшија Ибро Јахиќ утрово го исчисти патот и портата на храмот во Дубница за да можеме да ја одржиме службата за Божиќ во 8 часот во храмот Свети Јоаким и Ана во Дубница. Бог да му дава здравје и голема благодарност“, стои во објавата.
Овој пост предизвика воодушевување и стотици позитивни коментари.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ