Зеленски: Русија ја оштети зградата на амбасадата на Катар во нападот врз Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека, покрај вообичаената цивилна инфраструктура и енергетски објекти, рускиот дрон ја оштетил и зградата на амбасадата на Катар во текот на ноќта.
„Покрај нашата вообичаена цивилна инфраструктура и енергетски објекти, руски дрон ја оштетил зградата на амбасадата на Катар синоќа. Земјата што толку многу посредува со Русија во ослободувањето на воените заробеници и цивилите кои се во руските затвори“, рече тој на Телеграм, пренесува украинскиот портал НВ.
Тој додаде дека последиците од масовното руско гранатирање во кое беа оштетени 20 станбени згради моментално се отстрануваат во Киев и регионот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ