Грчката влада ги покани земјоделците на два состанока

Грчката влада ги покани земјоделците на два состанока закажани за утре, а според портпаролот на владата, целта е премиерот Киријакос Мицотакис да се сретне со сите претставници на земјоделскиот сектор, објавија денес грчките медиуми.
Како што објасни портпаролот на владата Павлос Маринакис, еден состанок ќе се одржи со претставници на земјоделците кои протестираат со недели, додека вториот ќе биде со претставници на секторот со кои оваа прва група земјоделци не сака да се сретне, објави Катимерини.
„Очекуваме список со имиња на учесници на двата состанока. За да бидат конструктивни состаноците, бројот на учесници во двете групи ќе биде ограничен на 20 лица“, додаде тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ