Газдите на барот во Швајцарија каде во пожар загинаа 40 млади ја обвинија починатата келнерка за пожарот

Сопствениците на швајцарскиот бар „Ле Констелашн“ во Кранс-Монтана се наоѓаат под судски надзор по пожарот кој избувна на новогодишната ноќ, при што загинаа 40 лица, а повеќе од десетина беа повредени. Жак Морети (49) и неговата сопруга Џесика Морети (40) се обвинети за убиство и повреди од небрежност, како и за предизвикување пожар од небрежност, јави „Ле Паризиен“.
За време на истрагата, сопружниците ја обвинија починатата 24-годишна келнерка Цијане Панина за трагедијата, тврдејќи дека таа го подметнала пожарот додека носела шишиња шампањ со запалени распрскувачи. Цијане загина во пожарот, а според семејството и преживеаните сведоци, одбраната на Морети ги изнесува неточни тврдења, бидејќи Џесика Морети ја охрабрилa вработената да го изведе опасниот чин.
Истрагата исто така го истражува начинот на кој пожарот се проширил, вклучително и заклучената врата за итни случаи во подрумот, зад која беше пронајдена Цијане. Сопружниците тврдат дека вратата била заклучена од еден од вработените, кој го негира тоа.
Дополнително, се појавија и видеа на кои Џесика Морети се гледа како бега со касата во рацете за време на пожарот, а сопружниците исто така ги коментираа присуството на малолетници во клубот, вклучувајќи го и 14-годишникот кој загина.
Жак и Џесика Морети се ослободени со кауција и се на електронски мониторинг додека трае истрагата. Тие мора редовно да се пријавуваат во полиција, а нивните патни исправи се конфискувани. Швајцарските власти продолжуваат со истрагата за причините и околностите на пожарот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ