Во рамки на својата официјална посета на Република Македонија, министерот за помирување, регионална соработка и друштвена стабилност во Владата на Република Србија, Усаме Зукорлиќ, во петок (17 април) ќе престојува и во Лабуништа.
Станува збор за тридневна официјална посета, во чии рамки покрај главниот град Скопје, министерот одлучи да го посети и Лабуништа, покажувајќи интерес за директна комуникација со граѓаните и локалната заедница.
Усаме Зукорлиќ е син на рахметли муфтија и политичар Муамер Зукорлиќ и е актуелен претседател на политичката партија за правда и помирување (СПП), како и министер без ресор задолжен за помирување, регионална соработка и друштвена стабилност во Владата на Србија.
Според најавите, министерот ќе пристигне во Лабуништа во попладневните часови, каде ќе реализира обиколка на Лабуништа и ќе оствари средби со граѓаните.
Во вечерните часови, по акшам намаз, планирано е да се одржи трибина во просториите на Месната заедница (поранешно ИКРЕ), на која се очекува присуство на поголем број граѓани.
Оваа посета се оценува како значаен настан за локалната заедница, со оглед на можноста за директна комуникација и размена на мислења со висок државен претставник од регионот.
извор:Labunista.mk