Свет

Повеќе од 1200 загинати и 800 исчезнати во поплавите во

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа, а над 800 лица сè уште се водат како исчезнати во катастрофалните поплави и лизгања на земјиштето предизвикани од одделни бури што донесоа обилни и долготрајни дождови низ Шри Ланка, голем дел од Суматра во Индонезија, јужен Тајланд и северна Малезија минатата недела, покажуваат најновите податоци од властите во погодените […]

Свет

Четири лица повредени во експлозија на противвоздушна граната во воен

Четири лица се повредени откако противвоздушна граната експлодираше во воен тренинг центар во Паџу, во близина на меѓукорејската граница, објавија денес јужнокорејските воени претставници. Експлозијата се случила утрово за време на вежба за гаѓање од воздушна одбрана, кога артилериски проектил од 30 милиметри се заглавил во магацин за муниција, објави Јонхап. Тројца подофицери и еден […]

Балкан

Полицијата во Белград заплени хероин и кокаин вредни 350 илјади

Во Белград, полицијата запленила хероин и кокаин во вредност од околу 350 илјади евра. Дополнително, едно лице е уапсено поради трговија со дрога, соопшти српското МВР. Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека при претрес на стан и други простории што ги користел осомничениот П.З. (42), во закопано буре биле пронајдени околу […]

Македонија

Од утре облачно време и локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Претпладне во одделни котлини ќе се појави слаба магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд. Минималната температура ќе се движи од -1 до 5, а максималната од 8 до 15 степени. Под […]

Македонија

Кадровски промени: Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“

Беким Сали ќе биде вицепремиер и министер за европски прашања, а Мухамед Хоџа – министер за животна средина и просторно планирање. Премиерот ги одобри предлозите на „Вреди“ и тие се веќе доставени и пристигнати и во Собранието. Нема потврда дали досегашниот министер за европски прашања, Орхан Муртезани, ќе замине за амбасадор во Брисел. Од коалицијата […]

Македонија

УЈП: Повратот на средства од МојДДВ продолжува – не е

Управата за јавни приходи информира дека повратот на средства од мерката МојДДВ за скенирани сметки во третиот квартал од 2025 година продолжува, односно не е прекинат ниту откажан. Во процесот на исплата кај дел од спецификациите се појави технички проблем кој бара целосна преработка на истите. Имено, доколку постои дури и само еден налог каде […]

Македонија

Поевтинува дизелот – ова се новите цени

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,1 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ […]

Струга

Започнува реконструкцијата на азбест-цементната водоводна мрежа на дел од ул.

Општина Струга информира дека започнуваат градежните работи за реконструкција и замена на азбест-цементната водоводна мрежа на дел од улица „Маршал Тито“, на раскрсницата со улица „Велко Влаховиќ“ (крак 4). Од утре, 02.12.2025, ќе се изведуваат активности на следните делници: Денес во Општина Струга се одржа координативен состанок со претставници на изведувачот „Маркоски К73“, ЈП „Водовод […]

Струга

Струга добива две нови комунални возила за тесните градски улички

Струга ќе биде почиста – во градот пристигнуваат две нови специјализирани возила за собирање отпад, наменети за тесните улици во централното градско подрачје. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.200.000 денари. Во текот на 2025 година, Центарот за развој на Југозападниот плански регион го спроведува проектот „Јакнење на капацитетите на јавните комунални претпријатија“, финансиран преку Програмата […]