Сабота, 21 ноември 2026 сабота, 21 ноември Струга 14°C Струга 14°C Пријави вест
Македонија

Од утре облачно време и локални врнежи од дожд

Објавено: · 1 мин читање
Од утре облачно време и локални врнежи од дожд

Времето утре ќе биде променливо облачно со слаб до умерен јужен ветер. Претпладне во одделни котлини ќе се појави слаба магла, а кон крајот на денот и во текот на ноќта се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.

Минималната температура ќе се движи од -1 до 5, а максималната од 8 до 15 степени.

Под влијание на влажни воздушни бранови, во вечерните часови ќе следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи, особено пообилни во западните и јужните делови на земјата. На повисоките планини дождот ќе преминува во снег. Минималните температури ќе бидат позитивни.