Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, оствари средба со амбасадорката на Романија, Моника Аксинте и со г-ѓа Вероника Чолка.
Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, европската интеграција на Македонија, реформските процеси и можностите за продлабочување на соработката меѓу двете земји.
Трајков ја истакна важноста на континуираната поддршка и размената на искуства со земјите членки на Европската Унија, посочувајќи дека регионалната соработка и партнерствата се значајни за забрзување на европската перспектива.Беше разговарано и за можностите за интензивирање на институционалната комуникација и соработката во областите од заемен интерес.
Заменик-министерката на средба со романската амбасадорка Моника Аксинте: Романија е значаен партнер во европската интеграција




