Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, денеска ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за американско оружје за Украина, по извештајот што покажа остар пад на воената поддршка за Киев во јули и август. „Мир постигнуваш кога си силен. Не кога користиш силни зборови или покажуваш со прст, туку кога […]
Индонезискиот вулкан Левотоби Лаки-лаки, еден од најактивните во земјата, еруптираше втор ден по ред, исфрлајќи вулканска пепел во висина до 10 километри Се наоѓа на островот Флорес и еруптираше три пати во вторник. Облаци од пепел измешани со карпи и лава ги покрија блиските села. Геолошката агенција на Индонезија соопшти дека уште една ерупција, во […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го стави пристанишниот град на Црното Море, Одеса, под воена власт, поради судир со градоначалникот, објави германската новинска агенција ДПА. Зеленски во вторник му го одзеде државјанството на Генадиј Труханов, кој беше градоначалник на Одеса повеќе од една деценија, велејќи дека поседува руски пасош. Труханов го негира обвинението и планира да […]
Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди покраината Папуа во Индонезија, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Земјотресот се случил на 200 километри од градот Абепур, на длабочина од 70 километри, соопшти Американскиот геолошки завод. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами не издаде предупредување за цунами за катастрофата. Нема веднаш извештаи за […]
Уругвај вчера стана првата латиноамериканска земја што донесе закон со кој се легализира еутаназијата. Уругвајскиот Сенат гласаше за законот што Долниот дом на парламентот го одобри во август. Текстот беше одобрен со 20 од 31 глас, објави весникот „Ел Обсервадор“, кој забележува дека Уругвај е првата земја во претежно католичкиот регион чиј парламент ја легализирал […]
Граѓаните на Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, на чии граѓани не им се потребни визи за влез во Европската Унија од почетокот на имплементацијата на системот EES, ќе влегуваат на посебни делови од граничните премини со Европската Унија наменети само за нив. Хрватското Министерство за внатрешни работи објасни дека навремено […]
Филтерските и електронските цигари наскоро би можеле да бидат историја во Европската унија, бидејќи Советот на ЕУ има намера да го следи предлогот на Светската здравствена организација (СЗО) и планира да ги забрани, пишува австрискиот весник Хојте. Во нацрт-резолуцијата на Советот на ЕУ, до која Хојте имал пристап, се наведува дека „забраната за производство, увоз, […]
За време на денешниот генерален штрајк во Брисел, каде што според полициските проценки имало 80.000 лица, дошло до конфликт меѓу дел од демонстрантите и полицијата. Поради нивното одбивање да го напуштат местото на протестот, бриселската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите, објави „Бриселс тајмс“. Полициската акција резултираше со апсење на неколку лица, […]
Воените лидери на Мадагаскар во понеделник изјавија дека армијата ја презела власта во островската држава во Индискиот Океан откако Долниот дом на парламентот гласаше за импичмент на претседателот Андри Раџоелина, кој избега во странство. Воените лидери изјавија дека суспендирале неколку државни институции. „Уставот е суспендиран и е формиран претседателски совет составен од припадници на армијата […]
Земјотрес со интензитет од 4,1 степен според Рихтеровата скала вечерва ja погоди западна Турција, во близина на градот Баликесир соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Во соопштението се вели дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од девет километри. Засега нема информации за повредени или причинета материјална штета. Во околината на Баликесир во изминатите месеци се […]