Тајланд денеска изврши воздушни напади долж спорната граница со Камбоџа, откако двете земји се обвинија меѓусебно за прекршување на договорот за прекин на огнот во кој посредуваше американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската армија соопшти дека воздушните напади биле изведени откако еден тајландски војник загинал, а четворица биле ранети во судири долж нестабилната граница меѓу двете […]
Авион на линијата Приштина – Истанбул, по слетувањето на аеродромот „Сабиха Ѓокчен“ во Турција, излезе од такси-патеката и застана на крајот од пистата. Во овој инцидент, според соопштението на Амбасадата на Косово во Турција, нема повредени патници. „Амбасадата на Република Косово во Турција информира дека денеска, на аеродромот ‘Сабиха Ѓокчен’, авион опериран од компанијата AJet, […]
Во неделата попладне, на северозападниот брег на Тенерифе, голем бран ги повлече купачите во морето во популарните природни базени кај Лос Гигантес. Три лица загинаа, тројца се повредени, а за уште една личност се трага, објави германскиот весник Bild. Драматична акција на спасување Според информациите од итните служби на Канарските острови, водната маса ги однела […]
Најмалку 18 мигранти загинаа кога надувувачки чамец се преврте јужно од Крит, соопштија властите. Полупотонатиот чамец бил забележан од турски трговски брод што минувал покрај него во неделата, а две лица биле спасени, соопштија властите. Грција е главна влезна точка во Европската Унија (ЕУ) за луѓе кои бегаат од конфликти и сиромаштија на Блискиот Исток, […]
Амбасадорот на Израел во Соединетите Американски Држави, Џехиел Лајтер, во снимено интервју за либанските медиуми изјави дека Израел сака да постигне мир со Либан. „Ние многу сакаме да постигнеме мир со вас“, рече Лајтер, обраќајќи се кон либанските граѓани, објави денес „Тајмс оф Израел“. Лајтер нагласи дека Израел е загрижен само за својата безбедност.
Папа Лав Четиринаесетти изјави денес дека Ватикан „нема да седи со скрстени раце“ пред прекршувањето на човековите права ширум светот и го повтори повикот за работа на „ненавооружан и разоружувачки мир“. Во обраќањето до новите амбасадори при Светата Столица, кои ги претставуваат Узбекистан, Молдавија, Бахреин, Шри Ланка, Пакистан, Либерија, Тајланд, Лесото, Јужна Африка, Фиџи, Микронезија, […]
Четириесет и осумгодишна жена почина денес во Мадрид откако падна од стан на десеттиот кат од солитер со своите две тригодишни деца, кои го преживеаа падот, но беа сериозно повредени. Шпанскиот весник „Ел Паис“ објави дека во станот немало никој друг освен жена со две мали деца. Едно повредено дете е згрижено во Универзитетската болница […]
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека унгарските аргументи не се земаат предвид при формулирањето на политиката на санкции на Брисел кон Русија, иако самото постоење на земјата зависи од тоа, барем кога станува збор за семејните буџети и успехот на претпријатијата. Орбан на антиратниот собир во Кечкемет, кој го организираа „Дигитални граѓански кругови“, потсети […]
Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека во понеделник, 8 декември, ќе отпатува за Лондон, каде што ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а во разговорите ќе учествуваат британскиот премиер Кир Стармер, како и германскиот канцелар Фридрих Мерц, пренесува Фигаро. Целта на состанокот е да се „разгледа моменталната состојба и преговорите во рамките на […]
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ја нагласи важноста на зачувувањето на суверенитетот на земјата, истакнувајќи дека не станува збор само за чест, туку и за економија, и посочи дека Европа ќе биде непрепознатлива за 20 години или помалку ако не се променат сегашните трендови. „Мора да останеме независни, мора да останеме суверени“, рече Орбан, пренесува […]