Централната команда на САД (CENTCOM) денес ја обвини Исламската револуционерна гарда (IRGC) за ширење лажни тврдења за носачот на авиони „Абрахам Линколн“ и дека бродот е „онеспособен“. „Ударната група на носачите на авиони „Абрахам Линколн“ продолжува да одржува целосна доминација над иранскиот воздушен простор од поморскиот простор“, се вели во соопштението од Командата на платформата […]
Иранските власти уапсија 30 лица под сомнение дека им доставувале безбедносни информации на Израел, објавија денеска локалните медиуми, додека продолжуваат американско-израелските напади врз цели во Иран. Според Ројтерс, во северозападниот дел на Иран се уапсени 20 лица обвинети дека им доставувале информации на израелските сили за ирански воени и безбедносни локации. Во североисточниот дел на […]
Пакистан ноќеска изведе воздушни напади врз позиции на талибанците и „терористички засолништа“ во афганистанскиот Кандахар, објави пакистанскиот министер за информатичко работење во објава на платформата X во недела. Портпаролот на авганистанската влада, Забихула Мухахид, потврди дека нападите се изведени, но нагласи дека нема жртви. #Pakistan targeted a #drug #addiction_treatment center in #Kandahar
Воена локација во Кувајт, каде што се распоредени единици на американските и италијанските вооружени сили, рано утринава била погодена во напад со беспилотно летало. Станува збор за базата Али ал Салем, која според информациите била цел на ирански дрон. Според првичните податоци, беспилотното летало погодило складиште во рамките на базата и уништило дрон што припаѓал на италијанското […]
Туристите кои ја посетуваат Барселона од април ќе плаќаат и до 12 евра по ноќевање, откако градските власти одлучија да ја зголемат туристичката такса и дополнителната градска давачка за посетителите. Градот ја удвои туристичката такса, а зголемена е и таканаречената градска давачка на Барселона, која исто така ја плаќаат сите посетители. Гостите во хотели со […]
Новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, наводно бил префрлен во Москва со руски воен авион во строго тајна операција, поради неговата здравствена и безбедносна состојба. Според пишувањето на британскиот весник The Sun, Хамнеи бил однесен во Москва на операција на ногата, откако претрпел сериозни повреди за време на воздушни напади. Медиумот наведува дека повредите наводно биле последица […]
Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора недела по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец. Затоа цените скокнаа за повеќе од 40 проценти за само две недели од нападите на САД и Израел врз Иран. На лондонскиот пазар, цената на барелот порасна за околу 10 проценти […]
Извозот на пилешко месо од Босна и Херцеговина во Европската Унија привремено е запрен пред неколку дена, поради појава на птичји грип на фарма во Петрово. Претседавачот на Координацискиот одбор на живинари во БиХ, Велибор Поповиќ, изјави дека на 26 февруари бил забранет извозот на пилешко месо во земјите од Европската Унија. „Голема количина пилешко […]
Проценките се дека летово на Будва ѝ се потребни најмалку пет илјади сезонски работници, само на „Будванска ривиера“ ѝ се потребни околу 600, па затоа се принудени да бараат нови извори за ангажирање работници од далечни пазари. Оглас Со серија огласи распишани минатата недела, најголемата хотелска компанија во Црна Гора, во мнозинска сопственост на државата […]
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти новиот врховен лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, чиј татко, поранешниот врховен лидер, беше убиен на првиот ден од американско-израелската војна против Иран, е жив, но повреден. Хамнеи не е виден од Иранците откако беше избран од Собранието на експерти во неделата, а неговите први коментари беа прочитани […]