СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.На 01.04.2024 во основно училиште во Тетово, пријавените фрлиле во височина друг малолетник, кој при падот се здобил со тешки телесни повреди.
Вчера, во 17.20 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во близина на деловен објект во кој работела, по завршување на работното време, В. Н. (50) од Охрид била физички нападната од Н. М. и уште едно лице. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, соопшти полицијата. Според надлежните, се очекува да биде поднесена […]
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.А.(37) од Скопје, А.В.(33) и И.С.(37), двајцата од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „измама“. Тие, во текот на јануари и февруари оваа година, со јавувале на мобилни телефони на повеќе граѓани од Струга и Охрид, претставувајќи се лажно како вработени во градежни фирми […]
Царински службеници запленија 4,8 килограми златен накит со проценета вредност од 20,4 милиони денари, по контрола на автобус на граничниот премин Богородица при влез во државата. Имено, царинските службеници на граничниот премин Богородица селектираа автобус кој сообраќал на линија Истанбул – Гостивар, при што е извршен детален претрес.Во пределот за багаж е пронајдена црна торба, […]
По цели 10 дена пат и поминати речиси 2000 километри, четворица иселеници од Охрид и Струга, со велосипед од Швајцарија пристигнаа во родниот крај. Невозможното за многумина го направија возможно. Во Охрид беа пречекани од нивни роднини и сограѓани. Велат дека на долгото патување се соочиле со мали незгоди, но дека желбата да го реализираат […]
Словачкиот премиер Роберт Фицо беше застрелан по состанокот на владата во Хандлова, околу 150 километри североисточно од Братислава. Обидот за атентат се случил кога Фичо отишол меѓу насобраните луѓе. Според информациите, премиерот на Словачка бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот. Со хеликоптер итно бил пренесен во болница во Братислава. Напаѓачот е уапсен […]
Вчера во 18.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на село Подвис, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот Ф.Ѓ. од Кичево и патничко возило „мерцедес“ со италијански национални ознаки, управувано од 48-годишниот Ч.К. од Република Албанија, извести МВР. […]
Голем успех постигнаа нашите џудисти на Меѓународниот Натпревар “СКОПЈЕ ОПЕН 2024” Освоивме 4 златни, 5 сребрени и 6 бронзени медали, но она што е поважно за нас е моментот дека за прв пат на натпревар настапија и нашите џудисти од Џудо Секцијата во с. Подгорци и не само што настапија туку и освоија 3 медали. […]
На 11 мај 2024 година, Здружението на пензионери од Лабуништа, струшко, заПрв пат организира регионална ревија на песна, музика и игра за здружинијата напензионери од осмиот регион, која се одржа во организација на СЗПМ, а домаќинбеше здружението на пензионери од Струшко Лабуништа. Оваа културна манифестација претставуваше можност да се прикаже и поттикнепродолжувањето на традициите од […]
Денеска, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, со чартер лет на холандскиот туроператор Корендон од Амстердам, во Охрид, пристигнаа првите 150 холандски туристи. Во 10 часот денеска, на охридскиот аеродром, слета авион од најновата серија на „Боинг Маx“ каде, првите холандски туристи беа пречекани од претставници на туристичката агенција „Фибула Травел Македонија“, партнер на туристичкиот оператор […]