Американскиот претседател Доналд Трамп, потврди дека во блиска иднина ќе нема самит со претседателот на Русија Владимир Путин, по најавите дека лидерите на САД и на Русија ќе се сретнат во Будимпешта. Трамп кажал дека „не сака уште еден пропаднат состанок“, и дека клучна пречка останува одбивањето на Русија да ги прекине борбите на линијата […]
Подготовките за мировниот самит меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта сè уште се во тек, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. На својот Фејсбук профил, Орбан напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто моментално е во Вашингтон и дека разговорите продолжуваат, иако датумот за […]
Серија на земјотреси ноќеска се случиле на тлото на Средна и на Јужна Америка. Првиот земјотрес беше во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха со јачина од 5,7 степени. Епицентарот се наоѓал приближно 188 километри северозападно од градот Сан Луис, дом на околу 183.000 жители. Шест минути подоцна се случил моќен земјотрес во Костарика, во провинцијата […]
Во една од најтешките сообраќајни несреќи во историјата на Уганда, загинаа 63 лица. Трагедијата се случила на автопатот Кампала – Гули, пишува Би-Би-Си. Несреќата се случила 15 минути по полноќ по локално време. Два автобуси се судриле додека се движеле во спротивни насоки, додека се обидувале да избегнат камион и автомобил. Еден од автобусите изгубил […]
Страшна семејна трагедија ја погоди денеска Бугарија, откако се случило тројно убиство во селото Љулјаково во општина Руан на југоистокот на земјата. 25-годишен маж убил тројца членови на своето семејство, при што потоа ја запалил куќата. Неговиот седумгодишен брат, успеал во последен момент да избега, иако бил ранет, сепак, успеал да се спаси и да […]
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил почувствуван на грчкиот остров Родос. Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од Родос. Според […]
Почитувани, ве известуваме дека на ден 23.10.2025 (Четврток)нема да се собира сметот од домаќинствата-поради неработен ден,поради тоа ве молиме, сметот што се собира во Четврток да не го иставате на собирните места.Се надеваме на ваша соработка со цел за почиста средина.Со почит,ЈКПІ ХИГИЕНА ЛАБУНИШТА
И покрај вчерашните израелски воздушни напади врз Газа поради нападите на Хамас врз Израелските одбранбени сили (ИДФ), американскиот претседател Доналд Трамп продолжува да тврди дека прекинот на огнот во енклавата е на сила. „Да, сè уште важи“, одговори Трамп на новинарско прашање. Покрај тоа, Трамп рече дека лидерите на Хамас не биле вклучени во наводното […]
Товарен авион од типот „боинг 747-481“, излета од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконх, по што заврши во морето. Две лица, аеродромски загинаа во овој инцидент. Авионот бил изнајмен од турска авиокомпанија, пристигнал од Дубаи кога излетал од пистата, и притоа се судри со патролно возило на аеродромот. Две лица од возилото загинале, додека сите […]
Шпанија ќе побара од Европската унија трајно укинување на поместувањето на часовникот, оцени шпанската влада, нарекувајќи ја оваа практика „застарена“ и „штетна за здравјето“. Предлогот се очекува да биде официјално поднесен во 2026 година. Според шпанските медиуми, владата во Мадрид ќе побара да се укине преминот на зимско сметање на времето, што треба да се […]