Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава на платформата X, Лоран Нуњез рече дека две лица се на интензивна нега, а три други имаат полесни повреди. Осомничениот е уапсен и […]
Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не успева да добие висина и удира во земјата, предизвикувајќи огнена стихија. Веднаш потоа, густ црн чад го прекри небото. Авионот „Мекдонел Даглас МД-11“, […]
Американскиот министер за транспорт Шон Дафи објави намалување од 10 проценти на летовите на 40-те најголеми аеродроми во земјата поради загриженост за безбедноста во воздушниот сообраќај, бидејќи затворањето на Владата продолжува рекордни 36 дена. Одлуката предизвика хаос меѓу авиокомпаниите и патниците, а Дафи рече дека мерката ќе биде повлечена доколку демократите се согласат повторно да […]
Шест лица беа заробени кога се урна голема структура во електрана во југоисточниот јужнокорејски град Улсан, објавија утрово локалните власти. Инцидентот се случил во филијала на „Ист-Вест Пауер Ко“, државната компанија за комунални услуги на Јужна Кореја, потврдија официјални лица, објави „Јонхап“. Уривањето беше пријавено денес, а на местото на настанот беа испратени спасувачки екипи.
Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос прогласи состојба на национална катастрофа поради тајфунот Калмаеги, во кој загинаа најмалку 140 лица, а 130 се водат како исчезнати, а во исчекување на претстојниот тајфун, објавија локалните медиуми. Централната покраина Себу беше најтешко погодена, каде што поплавите им се заканија на градовите и местата, однесувајќи автомобили, колиби покрај реката, па дури […]
Во судир меѓу автомобил и училишен автобус утрово во Торино, во областа Аринџано, едно лице загина, а 20 се повредени. Во несреќата загинал возачот на автомобилот, а 20 ученици, од педесетте што биле во автобусот, биле повредени, јавува Анса. Ниту еден од нив не претрпел сериозни повреди. На местото на настанот е брза помош со […]
Неидентификуван дрон предизвика прекини во сообраќајот на аеродромот во Хановер синоќа, соопшти германската федерална полиција. Неколку авиони беа пренасочени, а летовите беа накратко целосно прекинати, објави германскиот NDR. Портпаролот на полицијата изјави дека дронот бил забележан над блиската индустриска зона. Аеродромот беше затворен од 22:00 до 22:45 часот, а три лета беа пренасочени. Еден авион […]
Градоначалникот на Тузла, Зијад Лугавиќ, претпладнево потврди дека во пожарот што синоќа избувна во Домот за стари лица загинаа 11 лица. Голем број повредени се пренесени во Универзитетскиот клинички центар Тузла, каде им се укажува итна медицинска помош. Тројца полицајци и петмина пожарникари се задржани на лекување, но сите се надвор од животна опасност. Меѓу […]
Апокалиптични сцени синоќа во Тузла. Огромен пожар го проголта домот за стари лица. Според првичните информации, огнот избувнал на седмиот кат и брзо се проширил. Додека спасувачките екипи се обидуваа да стигнат до заробените, станарите од пониските катови бегале за да се спасат. Ружа Кајиќ, која живее на третиот кат, за локалните медиуми раскажа дека […]
Бројот на жртви во смртоносен пожар во дом за стари лица во Тузла се искачи на 12 откако едно тешко повредено лице почина денес во болница, објави „Дневни аваз“. 11 жители на домот починаа во пожарот вчера, претежно од изгореници и труење со јаглерод моноксид, а уште 35 мораа да побараат медицинска помош. Состојбата на […]