енкови, хеликоптери и припадници на воени сили од САД и од Грција пристигнаа вчера на Криволак за вежбата Immediate Response 25. Организатори на вежбата се Европската команда на САД/Команда на копнените сили на САД за Европа и за Африка и АРМ. Вежбата ќе се изведе од 26 мај до 9 јуни. Вежбата Immediate Response 25 […]
На 24.05.2025 околу 11 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Живко Чинго“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.М.(49) од Охрид и патничко возило „волво“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(66) од Охрид. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле […]
Во Охрид викендов се одржа Меѓународниот карате турнир „Охрид Опен 2025“, на кој учествуваа 450 натпреварувачи од Македонија, Албанија, Косово, Грција и Црна Гора. На турнирот забележлив успех постигнаа: Анел Зенделоски, кој го освои првото место во категорија Јуниори +76 кг Алдин Бајрамоски, кој го освои третото место во категорија Кадети -57 кг Организатори на […]
АМСМ информира дека од 10:15 часот на автопатот Гостивар – Тетово на 1км после наплатната станица Гостивар (правец кон Тетово), сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува по околните патишта.
На 23.05.2025 во 10 часот, во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Луково-Струга настанал пожар во возило „фиат пунто“ со германски македонски ознаки во движење , управувано од македонскиот државјанин Д.П.(41) со привремено живеалиште во Сојузна Република Германија. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Во Албанија, трендот на зголемување на бројот на туристи продолжува, достигнувајќи 2,45 милиони во првите четири месеци од оваа година. Премиерот Еди Рама ги објави овие податоци во пост на Фејсбук, нагласувајќи дека само во април, 820 илјади странски гости ја посетиле Албанија. „Во Албанија, во текот на месец април уживале 820 илјади странски посетители, […]
Седумнаесет лица се повредени, од кои четворица се во животна опасност, во синоќешниот напад во Хамбург кога 39-годшина Германка со нож се нафрлила врз луѓето кои чекале на главната железничка станица, јави ДПА. Жената напаѓач е уапсена, а при асењето не давала отпор. Полицијата верува дека таа дејствувала сама и не била политички мотивирана. Од […]
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат кон крајот на денот и во текот на ноќта, особено во источните и јужните делови на земјата. Минималната температура ќе се движи од 8 до 15, а максималната од 18 до 25 […]
„Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата да ви го честитам 24 Мај Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј. Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица по која се создаде и кирилското писмо, е доказ дека […]
Нептун продолжува да нуди модерно и достапно технолошко искуство за своите купувачи. На 23 мај 2025 година (петок) со почеток во 10:00 часот, ќе се отвора новата продавница на во Струга, лоцирана во рамки на Набизи Ритеил Парк – најновиот и најголем трговски центар во тој регион. Новата продавница на Нептун е дизајнирана во согласност […]