Продолжува традицијата на делење ифтари на местото познато како Берза во Кичево. Секој ден се подготвуваат по 500 порции и им се даваат на оние на кои им е најпотребно. Храната ја купуваат донатори а подготовката и пратката ја вршат доброволци кои помагаат секојдневно. „Да, кај 20-25 сме, се менува бројката.“ Ова е најмладиот доброволец […]
Со пристигнување на патници од Истанбул, денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ официјално беше означен стартот на нововоспоставената авионска линија од Истанбул до Охрид. Станува збор за првиот лет на директната линија на авиокомпанијата „Turkish Airlines“, која од денеска ќе сообраќа од Истанбул до Охрид. Според претходните најави, летовите на релацијата Истанбул – Охрид […]
Почитувани, Ве известуваме дека на 31.03.2025 година (понеделник) нема да се собира сметот од домаќинствата поради неработен ден (Бајрам). Поради тоа, ве молиме сметот што се собира во понеделник да не се остава на собирните места. Се надеваме на вашата соработка со цел почиста средина. Со почит,ЈКП „Хигиена“ Лабуништа
Викендов почнува летното сметање на времето. Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред на 30 март во 2 часот. Летното сметање на времето започнува во последната недела во март со поместување еден час нанапред, па времето во два часот наутро се смета за три часот наутро. Летното сметање на времето завршува во […]
Законски, износот на минималната плата треба да се утврди на Економско-социјалниот совет, а тој во моментов е парализиран Минималната плата за март оваа година, што ќе се исплатува од април, ќе изнесува околу 24.400 денари, односно за околу 2.200 денари повеќе во однос на досегашната. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашања […]
По повод Светскиот ден на екологијата, учениците и наставниците од училиштето „Мурат Лабуништи“ организираа низа активности со цел подигнување на свеста за значењето на заштитата на животната средина. Во текот на денот, учениците учествуваа во чистење на училишниот двор и околината, засадија нови садници и изработија креативни проекти од рециклирачки материјали. Исто така, беа одржани […]
Во една недела Царинската управа изврши 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај. Во четири случаи се утврдени неправилности во делот на лиценците, од коишто за три се водат предкривични постапки од […]
Под влијание на циклонска активност до крајот на месецот времето ќе биде пороменливо облачно со честа појава на повремени врнежи од дожд. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, појава на грмежи и силен ветер (над 70 км/ч), особено од четврток. Во овој период локално се очекува да наврне […]
Тој додаде дека во странство остануваат да се лекуваат 115 пациенти, а најверојатно еден пациент од Белград денеска се враќа на понатамошно лекување во Скопје Од болниците во Скопје денеска ќе бидат испишани 12 пациенти кои беа хоспитализирани по трагедијата во Кочани, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари по одржаниот состанок со Кризниот штаб […]
Во четврток, на 27-ми март 2025 година, на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид ќе пристигне првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата Turkish Airlines. Се очекува на настанот да присуствуваат и премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски, Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт и врски, Фатих Улусој, амбасадор на Република Турција во […]