Според неофицијалните информации, дрогата била скриена во камион што бил натоварен со рециклирана отпадна хартија Поголема количина дрога скриена во камион со македонски регистарски таблички синоќа откриле екипи на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Царинската управа на граничниот премин „Богородица“. Неофицијално, дрогата била скриена во камион што […]
По серијата земјотреси во Санторини, морето во Измир и многу други места долж брегот на Егејското Море се повлекоа повеќе од 200 метри, објавија турските медиуми. Морето се повеќе се повлекуваше од 8 февруари, а денеска се повлекуваше за повеќе од 300 метри во областа Чешме и во пристаништето Алакати, а нивото на водата во […]
На денешната седница Владата одлучи да ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливи групи по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци, информираше портпаролката Марија Митева. „Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се […]
Снимката од надзорните камери го покажува моментот кога почна земјотресот што ја потресе цела Далмација. Потресот беше регистриран во 18 часот и 43 минути, со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој беше почувствуван низ Далмација и Лика, но и во околните земји, Босна и Херцеговина и Италија, е снимен од надзорна камера […]
Владата донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, со инвестиција од 2 милиони евра. Овој проект има за цел да ги подобри здравствените услуги за жителите на Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Ресен. Според вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, проширувањето на болницата ќе овозможи изведување […]
Утре попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.
Уште осум лица, од кои тројца цариници се осомничени за вршење кривични дела со употребувани возила. До Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веќе се поднесени кривичните пријави. Вкупно досега се опфатени 32 лица, од кои 11 се цариници. Истите се сомничат за царинска измама, прикривање стока од сторено кривично дело царинска […]
Четири лица, од кои тројца полициски службеници се повредени во сообраќајна незгода што вечерва се случила на магистралниот пат Охрид-Струга, кај крстосницата за струшкото село Мислешево, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. Според него, незгодата се случила во 17:33 часот помеѓу патнички моторни возила „Форд“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на МВР […]
На утрешната владина седница се очекува да се разгледа прашањето за високите цени на прехранбените производи и дали Владата ќе преземе чекори за нивна контрола, по двонеделниот граѓански бојкот на пазарувањето во маркетите. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека на седницата ќе биде разгледан извештај од Државниот пазарен инспекторат и Министерството за економија, со можни мерки […]
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,63 % во однос на одлуката од 7.02.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,198%, кај дизелот намалувањето е за […]