Тропската бура Џери се формираше денес над централниот дел на Атлантскиот Океан и се очекува да се зајакне во ураган до среда. Џери е десеттата бура во оваа сезона на урагани, во која имаше три урагани за нешто повеќе од две недели, објавува CNN. Според денешните податоци, до 11:00 часот по локално време, тропската бура […]
Најмалку 18 лица загинаа денес откако автобус беше затрупан во свлечиште во индиската држава Химачал Прадеш, во округот Биласпур, објави денес Индија Телевизија. Се стравува дека повеќе патници се заробени под калта и камењата, а спасувачките операции се во тек. Индискиот премиер Нарендра Моди изрази жалење за несреќата во Биласпур.
Русија планира наскоро да го укине визниот режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија, објавува РИА Новости. „Влезен туризам: постигнување безвизен режим со Кина, Саудиска Арабија и Малезија во блиска иднина“, се вели во информативната белешка за медиумите по повод стратешката сесија „Развој на туризмот во Русија“, предводена од премиерот Михаил Мишустин. Се очекува до […]
Земјотрес со интензитет од 5,0 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово источниот дел на Тајван, соопшти Централната метеоролошка управа на островот. Според агенцијата, земјотресот е регистриран во 7:52 часот наутро по локално време во округот Хуалиен. Епицентарот на земјотресот што го погоди кинескиот регион Тајван беше на длабочина од 6,1 километар. Нема извештаи за […]
Најмалку три лица се повредени вечерва кога руските сили го гранатираа центарот на градот Херсон на југот на Украина, соопшти Регионалната државна администрација на Херсон. „Околу 20:20 часот, руските воени сили го гранатираа централниот округ на Херсон. Две лица се повредени како резултат на непријателскиот напад“, се вели во соопштението објавено на Телеграм. Педесет и […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека се обидува да ја дестабилизира Европа со користење беспилотни летала за саботажи и предизвикување немири. Зеленски, во видео обраќање синоќа, рече дека Москва ја користи својата таканаречена „флота во сенка“ не само за финансирање на војната преку транспорт со танкери за нафта, туку и за саботажи и […]
Од недела, 12 октомври, Европската Унија воведува нов биометриски систем за контрола на влез и излез (SUI) за сите граѓани кои не се членки на ЕУ, вклучително и Британците, а проверките ќе се вршат на меѓународните аеродроми, пристаништа, железнички терминали и патни премини. Системот бара регистрација на лични податоци, вклучувајќи отпечатоци од прсти и фотографија […]
Поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, поднесе оставка од функцијата пратеник на Сириза во грчкиот Парламент, наведувајќи дека тоа е „одлука на совеста“ и дека се враќа на општественото дејствување, „далеку од политичките позиции и партиските механизми“. Грчките медиуми шпекулираат дека овој потег на поранешниот премиер е првиот чекор кон формирање на нова партија која се стреми […]
Четири лица беа извлечени во несвест за време на спасувачка операција во морската област покрај брегот на Акротири Петра, јужно од грчкиот остров Лезбос. Три брода на крајбрежната стража и еден хеликоптер на грчките воздухопловни сили беа мобилизирани за операцијата за пребарување и спасување, објави грчкиот „Катимерини“. Во тоа подрачје дуваат југозападни ветрови со силна […]
Легендарниот фолк пејач Халид Бешлиќ почина денес, 7 октомври, на 72-годишна возраст по кратка борба со тешка болест. Кон крајот на август, Халид Бешлиќ беше хоспитализиран во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, каде што беше под постојан надзор на лекарите. Со своите безвременски хитови одбележа неколку децении на музичката сцена на поранешна Југославија и […]