Сите 20 членови на екипажот на турскиот воен транспортен авион Ц-130 загинаа во авионската несреќа на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопштија турските власти. Авионот Ц-130 полетал од Азербејџан и се враќал во Турција кога се урнал, соопшти турското Министерство за одбрана на мрежата X, пренесува Usornnews. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази „длабока тага“ и сочувство до […]
Новоотворен мост во кинеската покраина Сечуан делумно се урна, но засега не е познато дали има жртви. Дел од пристапот до мостот Хонгки и дел од трупот се урнаа и предизвикаа лизгање на земјиштето , објави Ројтерс. Мостот долг 748 метри е дел од државниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а пукнатините наводно се појавиле поради големата […]
Турски воен транспортен авион Ц-130 се урна денес на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопшти турското Министерство за одбрана. Во објава на социјалните мрежи на министерството се наведува дека авионот полетал од Азербејџан кон Турција и дека во координација со властите на Азербејџан и Грузија веднаш се започнати операции за пребарување и спасување , објавува турски „Хуриет“. Министерот за […]
Американските авио-компании денес откажаа речиси 1.200 летови, а откажувањата петти ден по ред надминаа 1.000 поради продолжувањето на блокадата на работата на федералната влада, односно поради недостаток на персонал во контрола на летови. Намалувањето на бројот на летови денес се зголеми на шест проценти, а се планира да достигне осум проценти во четврток и 10 […]
Осумдесет и четири лица побарале медицинска помош откако се урна дрвена конструкција во округот Гудермес во Чеченија, соопшти чеченското министерство за здравство. „По прегледот и укажаната помош на местото на несреќата, 43 пациенти се хоспитализирани, од кои двајца се на одделението за интензивна нега“, се вели во соопштението на чеченското Министерство за здравство, додавајќи дека […]
Грција, Кипар, Шпанија и Италија ќе имаат право на помош во справувањето со миграцискиот притисок според новиот механизам на ЕУ кога договорот на Унијата за миграција и азил ќе стапи во сила во средината на 2026 година, објави денес Европската комисија (ЕК). Во соопштението се вели дека нелегалните гранични премини на ЕУ се намалени за […]
Украинската влада го суспендираше министерот за правда Герман Галушченко, објави украинската влада во среда. Галушченко е под истрага за корупција во енергетскиот сектор. Украинските власти подигнаа обвинение против седум лица во врска со наводна шема за поткуп од 100 милиони долари во која биле вклучени високи енергетски функционери, што предизвика јавно негодување и го насочи […]
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека има обврска да ја тужи британската Би-Би-Си за лажно претставување на неговите коментари пред нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, во документарната емисија наречена „Панорама“. „Мислам дека имам обврска да го направам тоа. Тие ја измамија јавноста и го признаа тоа. Тоа дојде од земја која […]
Грција најави нов, автоматски систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој нема да им дозволи на странците да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна. Грчкото Министерство за дигитална администрација објави воведување на нов систем кој директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината. Ова значи дека, штом ќе пристигнете на границата, системот автоматски ќе […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ ги разјасни деталите за проектот на локацијата на поранешниот Генералштаб, нагласувајќи дека просторот не е продаден, туку ќе биде издаден под закуп 99 години. Тој исто така најави дека инвестицијата на американскиот партнер ќе изнесува најмалку 650 милиони евра, а на тоа место ќе биде изградена т.н. „Трамп кула“. „Го издаваме […]