Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.С.(51) и 41 – годишната А.С., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста. На 3 август во Струга, пријавените физички нападнале полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Вчера во 00.57 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Општата болница во Струга, повеќе лица агресивно се однесувале кон медицинскиот персонал. Увид на местото увид извршија полициски екипи и дежурен јавен обвинител. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Поради утврдени потенцијали ризици од употребата на мускулниот дел од желудникот на живината по здравјето на луѓето (можна контаминација со патогени – бактерии и вируси, присуство на токсини и друго), а со цел обезбедување на висок степен на заштита на јавното здравје и интересите на потрошувачите, Агенцијата за храна и ветеринарство ( АХВ) донесе решение […]
Силен земјотрес ја погоди областа во Јадранското Море кај Албанија. Земјотресот со јачина од 4,6 степени се случи на 48 километри северозападно од Тирана во 2:42 часот по локално време. Освен во Албанија, земјотресот е почувствуван и во Црна Гора, БиХ и Хрватска.
Седумнаесетгодишник бил нападнат од неколку лица среде Охрид. Според информациите од полицијата, нападот се случил во два часот по полноќ на улицата Ванчо Николески. Се преземаат мерки за расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во текот на минатата седмица царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, облека, моторни возила и друго. Цигари – 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia и 5 штеки цигари со бугарски акцизни маркички од марката Sobranie, откриени на Меѓународниот Аеродром Скопје, при контрола на […]
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 43-годишно лице од тетовското село Теарце, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. – Тој, на 26-ти јуни 2024 година, во станбен комплекс во Струга запалил отпадни материјали, информираат од СВР Охрид.
Шеесет и седумгодишен маж од Џепчиште кој управувал велосипед загина кога во него се забил џип со швајцарски регистерски ознаки, по што возачот побегнал. Според информациите, несреќата се случила во саботата, а случајот бил вчера пријавен во полицијата. Велосипедистот (З.М.) бил прегазен на кружниот тек помеѓу улиците Иво Лола Рибар и Благоја Тоска во Тетово. […]
Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имавме 30 активни пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 20 се целосно изгаснати, а 10 се активни и веќе дел од нив се ставаат под контрола, изјави денеска директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов. Тој информира дека рано утрово со полициски […]
На 22.07.2024 во 17.45 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Велешта, струшко, се случила сообрaќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со струшки регистарски ознаки, управувано од 67 годишен жител од с.Велешта и мопед со охридски регистарски ознаки, управуван од 61 годишен жител од с.Велешта, со живеалиште во Република Австрија. Во несреќата со […]