Свет

Рускиот оператор во окупираната украинска централа Запорожје запира со користење

Нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, која беше заземена од Русија минатата година, ќе престане да користи нуклеарно гориво произведено во САД што е можно поскоро, јавија денеска руски медиуми повикувајќи се на руски функционер. Ренат Карча, советник на извршниот директор на руската нуклеарна компанија „Росенергоат“, која сега управува со централата, изјави за Интерфакс дека […]

Свет

Столтенберг во ненајавена посета на Украина

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска е во прва посета на Киев од почетокот на руската инвазија на Украина за да покаже поддршка за земјата додека се подготвува за контраофанзива. Столтенберг утрово пристигна во ненајавена посета на Киев и се очекува подоцна да има средба со украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Киев индепендент“. Генералниот […]

Балкан

Во сабота и официјално ќе започне предизборниот период во Грција

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, за време на презентација на Програмата за развој на Јонските острови, соопшти дека в сабота „и официјално ќе започне предизборниот период со распуштање на Парламентот“ во пресрет на парламентарните избори на 21 мај, јави дописничката на МИА од Атина. Ова практично значи дека задутре, Мицотакис ќе се сретне со претседателката на […]

Свет

Нетанјаху ја предупреди Саудиска Арабија за опасноста од Иран

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја предупреди Саудиска Арабија на опасноста од обновување на дипломатските односи со Иран по договорот постигнат со посредство на Кина во март. „Оние кои се сојузници со Иран се сојузници со мизеријата. Погледнете ги Либан, Јемен, погледнете во Сирија, погледнете во Ирак. Деведесет и пет отсто од проблемите на Блискиот Исток […]

Свет

Украинските војници на линијата на фронтот ќе добиваат дополнителни 2.700

Украинските војници ќе добиваат дополнителни 10.000 гривни (2.710 долари) месечно за нивната служба на линијата на фронтот во битката против руските војници, соопшти вчера украинската армија, јави ДПА. Со ова соопштение се става крај на шпекулациите за плати и надоместоци, забележува агенцијата. „Војникот кој и служи на својата земја и ја брани од агресорот, го […]

Свет

Најмалку 79 загинати, а повеќе од сто повредени во станпедо

Најмалку 79 лица загинаа, а повеќе од сто се повредени во Сана, главниот град на Јемен, при стампедо. Бројот на загинати и повредени постојано расте, бидејќи првите информации беа за триесет загинати за време на хуманитарен настан одржан во Сана, главниот јеменски град контролиран од бунтовниците Хути. Бунтовничката новинска агенција Саба наведува дека жртвите веднаш […]

Свет

Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа

Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“. Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата […]

Свет

Финска гради ограда: „Видовме што се случи во Украина“

Дојче веле – Бон До пред неколку години, Русите беа добредојдени гости во финскиот пограничен град Иматра. Денес таму расположението е сосема поинакво. По должината на границата со Русија се гради одбранбена инсталација во случај Москва да ги премести војниците на запад. Финска долго време беше цел на хибридните напади на Москва, но сега работите […]

Свет

Роберт Ф. Кенеди помладиот почна кампања за претседател на САД

Роберт Френсис Кенеди помладиот, член на Демократската партија, синоќа официјално ја почна својата кампања за претседател на САД. Синот на сенатор и јавен обвинител Роберт Ф. Кенеди и внук на поранешниот американски претседател Џон Ф. Кенеди, ја објави својата кандидатура на настан во хотел во центарот на Бостон, Масачусетс. „Мојата мисија во следните 18 месеци […]

Свет

Поради Ковид-19, околу 67 милиони деца во светот пропуштија да

Околу 67 милиони деца во светот делумно или целосно ги пропуштиле рутинските вакцини на глобално ниво помеѓу 2019 и 2021 година поради заклучувања и нарушувања на здравствената заштита предизвикани од пандемијата „Ковид-19“, соопштија ОН. „Повеќе од една деценија тешко стекнати придобивки во рутинската имунизација во детството се еродирани“, се вели во новиот извештај на агенцијата […]