Отворена трибина „Депресија, болест на сегашноста“ во Струга

– Во сабота, на 18-ти ноември 2023 година, со почеток во 19:00 часот, во НУ Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи отворена трибина „Депресија, болест на сегашноста“ со д-р по медицина, Бошко Томовски, Специјалист – невропсихијатар.

– На трибината ќе стане збор за препознавање и манифестирање на болеста, пристап во лечењето на болеста, местото на семејството во постоење на болеста и слично, информираат организаторите.

Влезот за сите посетители е слободен.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ