Свет

Австралија и Нов Зеланд потпишаа договор за армиска соработка

Војската на Нов Зеланд денеска објави нов план за кој вели дека ќе ги зајакне нејзините односи со Австралија. Началникот на армијата на Нов Зеланд, генерал-мајор Џон Босвел, го нарече планот – „значаен чекор напред во партнерството со нашите пријатели“. Денеска најавената воена соработка доаѓа откако Нов Зеланд побара помош од својот поголем сосед за […]

Свет

Уште девет американски држави се приклучија на федералната тужба против

Уште девет држави се приклучија во тужба против Гугл, во која се тврди дека компанијата го прекршила законот за регулирање на пазарната конкуренција во бизнисот со дигитално рекламирање, објави Министерството за правда на САД. Кон тужбата се приклучија и сојузните држави Аризона, Илиноис, Мичиген, Минесота, Небраска, Њу Хемпшир, Северна Каролина, Вашингтон и Западна Вирџинија. Владата […]

Свет

Продадени сите 100.000 примероци од „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа

Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на „Плејбој“ со министерката Марлен Шјапа на насловницата беа продадени за три часа, изјави уредникот Кристоф Флорентин. Тој додаде и дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци. Инаку, вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“. Политичарката позираше во облека и на […]

Свет

Во Њујорк приведени двајца припадници на кинеска „полициска станица“

Американските разузнавачки служби приведоа двајца жители на Њујорк, осомничени дека работеле во кинеска „тајна полициска станица“. Лиу Џијаванг (61) и Чен Џинпинг (59) се соочуваат со обвиненија дека работеле како тајни агенти на кинеската влада, за тоа не биле известени американските власти, а обвинети се и за попречување на законот. Тие треба да се појават […]

Свет

Блинкен: Во Судан е пукано врз американски дипломатски конвој

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска изјави дека во Судан беше пукано врз американски дипломатски конвој, но инцидентот поминал без жртви. Можам да потврдам дека вчера беше пукано врз американски дипломатски конвој. Сите наши луѓе се безбедни и неповредени. Но, оваа акција беше непромислена, беше неодговорна и се разбира небезбедна, изјави Блинкен по средбата на […]

Свет

Блинкен: Амбасадорката Трејси го посети Гершкович во затвор, тој е

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека амбасадорката на земјата во Москва, Лин Трејси, го посетилa новинарот на Волстрит журнал, Еван Гершкович во затвор. „Можам да известам, врз основа на она што го кажа амбасадорката Трејси, дека е во добро здравје, со оглед на околностите, изјави Блинкен во Јапонија по разговорите на Г7. Тој додаде […]

Свет

Макрон: Неопходна беше реформа на пензискиот систем

Францускиот претседател Емануел Макрон во телевизиско обраќање до нацијата изјави дека го слушнал гневот на луѓето во Франција поради зголемувањето на старосната граница за пензионирање, но додаде дека е неопходно да се одржи пензискиот систем. Тие измени се потребни за да се гарантира правото на секого на пензија. Тие претставуваа напор, тоа е вистината, наведе Макрон, откако на 15 април стапија […]

Свет

Путин го посети регионот Херсон во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на состанок на воената команда во украинската област Херсон, која е делумно под контрола на Русија, јавија западни медиуми повикувајќи се на информации од Кремљ. Путин ги слушал извештаите на командантите на воздухопловните трупи и армиската група „Дњепар“, како и други високи офицери, се вели во соопштението. Посетите на рускиот […]

Свет

Сунак под истрага поради евентуален судир на интереси

Комесарот за стандарди на Парламентот на Обединетото Кралство отвори истрага против премиерот Риши Сунак поради евентуален конфликт на интереси. Истрагата е отворена на 13 април поради уделот на сопруга на Риши во компанијата за згрижување деца „Кору кидс“. Опозициските либералдемократи повикаа на истрага откако медиумите објавија дека Акшата Мурти е акционер во компанија која прима […]

Свет

Со рускиот пропаганден канал „Донбас девушка“ раководи американката Билс

Со главниот руски пропаганден канал на социјалните мрежи „Донбас девушка“, познат по ширење на дезинформации за војната во Украина, раководи поранешната припадничка на американската морнарица Сара Билс, објави „Вол стрит џурнл“. Каналот „Донбас девушка“ имаше клучна улога во ширење на доверливите разузнавачки документи, украдени од 21-годишниот припадникот на американската Национална гарда на воздушните сили, Џек […]